ВИДЕО: Ребел Вилсон позира гола на тераса откако ослабе повеќе од 30 килограми

Instagram
Instagram

Холивудската ѕвезда Ребел Вилсон, која изгуби повеќе од 30 килограми, на својот инстаграм – профил објави кратко видео на кое се гледа како актерката ужива под лондонското сонце.

Потполно гола на терасата на еден луксузен хотел во близина на реката Темза, Ребел ги предизвика нејзините следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Кога сонцето изгрева во Лондон, јас веднаш преминувам на голо – сончање“, напиша таа под видеото.

Многу од нејзините фанови и пријатели реагираа на објавата на актерката со позитивни коментари за нејзиниот фит – изглед кој таа многу малку го открива во видеото.

Ребел, која наводно работи на нов филмски проект во Велика Британија, изгубила повеќе од 30 килограми од почетокот на 2020 година, која таа ја прогласи за година на здравјето, пишува британски „The Sun“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)


Целиот процес во намалувањето на тежината го документираше на своите профили на социјалните мрежи, каде ја охрабруваше цела армија следбеници. Воодушеви многумина со својата посветеност за поздрав живот, а дел од фановите ги инспирираше да направат промени во нивниот начин на исхрана или да почнат со физичка активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот