ВИДЕО: Прва радост за кошаркарите на ТФТ сезонава во АБА2 лигата

Момент од натпреварот ТФТ - Цедевита Јуниор во Златибор/фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Во својот прв натпревар на „балонот“ во Златибор македонскиот кошаркарски клуб ТФТ имаше одличен финиш, доволен за многу важна победа (78:68) против Цедевита Јуниор од Хрватска, прва во сезоната во АБА2 лигата.

Апсолутно во егал поминаа првите 20 минути од овој меч, полувреме во кое ниту еден од двата ривали не успеа да направи некоја поголема предност. Ако не се „сметаа“ оние плус 5, (17:12), кои екипата од Загреб ги имаше во осмата минута, за тој прв период сепак да го добие нашата екипа, со минимални 21:19.

Уште поизрамнет беше вториот дел од мечот, во кој ТФТ Моцарт се стекна со најголеми четири поени позитива (33:29), во средишната фаза. Но, сè беше во егал на полувремето, (39:39).

Ниту одморот од 15 минути не ги смени работите на теренот. Двете екипи се менуваа во водството, кое повторно беше минимално, но се менуваше на двете страни од теренот. Пет минути подоцна, на крајот од четвртината, „црно-белите“ повторно имаа минимални 59:58.

Првото „посериозно“ водство за македонскиот претставник го донесе, со тројка, Ташовски, кој постави 70:62, на четири минути пред крајот. Младиот плејмејкер влезе во серија, по неговиот 13 поен, скопјани имаа слична предност (74:68), но со неполни две минути пред крајот.

Симонс реализираше 19 поени (3/5 за три поени), плус и четири скока. Ташовски застана на тие 13 поени, а Верц имаше уште 11 (и уште четири асистенции). В среда попладне, од 15.00 часот, нашиот трет претставник во АБА 2 лигата, екипата на Пелистер ќе игра против новосадска Војводина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот