ВИДЕО | Проф. Методи Хаџи Јанев: Евентуалното враќање на воениот рок ќе го зајакне патриотизмот, вредностите но и редот и дисциплината

Методи Хаџи Јанев - професор / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Универзитетскиот професор, Методи Хаџи Јанев во гостувањето во студиото на „Слободен печат“ оваа недела говореше за украинската контраофанзива на боиштата источно од Киев, можната употреба на нуклеарното оружје од страна на Путин како легитимен потег за заштита на четирите украински региони кои се приклучија кон Руската Федерација, каков е планот на Русите во периодот што следи, но и за тоа дали треба да се отпочне дебата во македонското општество околу враќање на задолжителното служење на воен рок во армијата.

Коментирајќи ги последните напредувања на Украинците во Херсон и губењето на контролата на стратешки важниот град Лиман за Русите, Хаџи Јанев вели дека Киев во моментов оди на тактитакта „се или ништо“, чекор кој во моментот дава резултати, но на подолг период може да предизвика сериозни проблеми за украинските воени сили.

– За Украинците оваа офанзива повеќе од очигледно е дека се сведува на се или ништо. Тоа го говорам бидејќи Киев нема друг избор. По наративот кој го гледаме од политичарите наликум на Зеленски, е тоа дека ако претходно беше воздржан во изјавијте но сега гледаме, барање за членство во НАТО, Русија надвор од територијата на Украина па потоа преговори итн. Тоа сето говори дека тие имаат информации кои ја градат самодовербата и на терен се супериорни – оценува Хаџи Јанев, додавајќи дека засега Русија нема одговор за ваквот воен притисок на теренот од страна на Киев.

Методи Хаџи Јанев – професор / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Во однос на прашањето актуелно деновиве во јавноста дали треба или не треба да има враќање на воениот рок во Македонија, професорот Хаџи Јанев вели дека има повеќе дилеми за кои неопходно е да се направи детална и сеопфатна анализа. Според него ова прашање има поголем социјален контекст во општеството и истото заслужува вниманите.

– Лично како граѓанин, сметам дека иако идејата тогаш донесена во тој период за укинување на служење на задолжителен воен рок беше добронамерна и оправдана. Од денешна перспектива мислам дека сепак беше промашена и грешна одлука. Тоа е така бидејќи денеска гледаме што тоа низ годините создаде. Создаде сериозен вакум на генерации каде што тие ги загубија основните вредности на едно општество. Вредности на патриотизам, на сакање на татковината, чуство за почитување на вредностите но и на ред и дисциплина – вели Хаџи Јанев, при тоа дообјаснувајќи дека не значи дека служењето војска ќе биде единствениот коректор на сите овие општествени состојби.

Универзитетскиот професор Хаџи Јанев во исто време анализирајќи го прашањето околу враќањето на редовното служење на воениот рок од воена перспектива, посочува дека дефинитивно тоа е добро за македонската армија, бидејќи сега во едни вакви глобални превирања војската би имала добро обучен резервен состав за евентуалена негова употреба.

Проследете го целиот разговор во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот