ВИДЕО | Продолжува потрагата по исчезнатите во страшните поплави во Италија

Свлечиште на италијанскиот остров Искија/Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO ITALY OUT

На Италијанскиот остров Искија се уште се трага по десетина лица кои исчезнаа во лизгање на земјиштето во кое загина едно лице и за кои владата ќе се состане во текот на денот.

Свлечиште од кал и остатоци предизвикани од обилните дождови го погоди малото гратче Казамичиола Терме на северот од островот во близина на Неапол.

Спасувачките екипи пронајдоа тело на жена, соопшти службите од Неапол. Жената е идентификувана, имала 31 година, соопшти агенцијата АГИ. Според италијанскиот печат, во одронот се повредени тринаесет лица.

Некои луѓе кои првично беа пријавени како исчезнати на крајот беа пронајдени, вклучително и семејство со новороденче, соооштија властите. Но, во текот на попладневните часови не се знаеше ништо за десетте исчезнати лица.

„Се плашиме дека има повеќе жртви, но засега бројот на жртви е таков“, потврди портпаролот на противпожарната служба Лука Цари.

Потрагата ја отежнува постојаниот дожд и силниот ветер, што го одложи траектот кој донесе помош.

Поради лизгање на земјиштето, калта ги прекри улиците, урива дрвја и носи автомобили сè до морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот