ВИДЕО: Пресврт на Барса против Алавес со двата гола на Левандовски

Полскиот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски/фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Фудбалерите на Барселона денеска после пресврт го совладаа Алавес на домашен терен со 2:1, во 13 коло од „Ла Лига“.

Алавес дојде во водство веќе во првиот напад, Омородион ја круниса добрата контра на својот тим и најави дека Каталонците ги чека тешка задача.

Истиот играч во 10 минута имаше убава можност за зголемување на предноста, но шутираше покрај голот. Омородион можеше да се прослави во првото полувреме, откако погоди и пречка.

Барса казни во второто полувреме кога го направи и пресвртот благодарение на погодоците на Левандовски. Полскиот напаѓач најпрвин израмни во 53 минута, а конечниот епилог го постави во 78 минута од пенал.

Играчите на Чави после оваа победа во шпанското првенство се на третата позиција со два бода помалку од Реал Мадрид, а четири од водечката Жирона. Алавес е на 15 место со 12 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот