ВИДЕО | Прекинат концертот на Ацо Пејовиќ: Се појави девојчето на кое пред 10 години му го спасил животот

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Српскиот пејач Ацо Пејовиќ настапи во Долината на среќата во Босна, а неговиот концерт во еден момент бил прекинат поради посебна причина.

На неговиот настап дошло девојчето Алмира, чиј живот пејачот го спасил пред 10 години, така што уплатил пари за нејзиното лекување.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пејовиќ не знаел што го чека кога водителот рекол дека има изненадување, а кога го слушнал името на девојчето, не можел да ги задржи солзите.

– Имаме одлична причина да го прекинеме ова. Колку го сакате Ацо? Луѓе, по ова ќе го сакате уште повеќе. Многумина ме прашаа вечерва да се сликаат со Ацо, но само едно девојче може. Едно девојче ќе се фотографира, се вика Алмира. Ова е фотографирано пред 10 години во Болдин, Ацо и Алмира – рекол водителот и додал:

– Ацо, дали се сеќаваш? Тој платил за нејзиното лекување и помогнал да ѝ се спаси животот. Таа е тука вечерва и на многу скромен и симболичен начин сака да му се заблагодари на Ацо.

Пејачот силно ја прегрнал Алмира, а потоа ја кренал и ја бакнал. Оваа сцена ги расплакала присутните, а сѐ се завршило со неколкуминутен аплауз.

– Не го очекував ова. Ме расплакаа и мене. Да си жива и здрава, срце мое – рекол Ацо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот