ВИДЕО | Познати тројцата кандидати за наградата „Пушкаш“ за 2023 година

Фото: FIFA

Oткако претходно беа избрани кандидатите за тренер и играч на годината во изборот на ФИФА, Светската фудбалска организација ги објави и кандидатите за наградата „Пушкаш“.

Наградата „Пушкаш“ како што е познато се доделува за најдобриот гол во изминатата година. Во конкуренција се Хулио Енкисо од Парагвај кој настапува за Брајтон. Тој во мај 2023 година постигна прекрасен гол против Манчестер Сити.

Потоа тука е Бразилецот Мадруга од Ботофаго кој успеа реализира со „ножички“ од 25 метри.

Трет на листата е Нуњо Сантош од Спортиг кој успеа да погоди со „рабона“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот