ВИДЕО | Познат готвач им забрани влез на веганите во неговиот ресторан: „Завршив со вас“

Фото: Instagram/ Pexels

Познатиот готвач Џон Маунтин им забранил на веганите да јадат во неговиот ресторан „за доброто на неговото ментално здравје“, пренесува „Си-ен-ен“.

Британскиот готвач стекна слава на телевизиското шоу „Големото британско мени“ на „Би-би-си“, каде врвните британски готвачи се натпреваруваа еден против друг. Тој е роден во Велика Британија, но сега живее во Австралија и сопственик е на ресторанот „Фајр“ („Fyre“), каде што ужива во својата работа.

Но, деновиве готвачот повторно се најде во центарот на вниманието, бидејќи јавно објави дека им забранува влез на веганите во неговиот ресторан.

„За жал, сите вегани сега се забранети во „FYRE“ (поради причини поврзани со менталното здравје). Ви благодариме за разбирањето.“, напишал тој на официјалната Фејсбук страница на неговиот ресторан.

Маунтин објаснил дека причината за оваа одлука е поттикната од неодамнешна расправија со една млада гостинка во неговиот ресторан.

„Ми пријде една млада девојка и рече дека доаѓа во ресторанот и ме праша дали има мени за вегани. Реков дека ќе ја сместам, и објаснив дека имаме њоки, зеленчук… И тоа беше тоа.“, изјавил готвачот.

Сепак, објаснил дека заборавил на барањето на жената, бидејќи бил зафатен со организирање на приватна забава. Незадоволната клиентка, веднаш се пожалила на австралиските медиуми.

Таа објаснила дека била послужена со обична порција зеленчук, за која и било наплатено дури 32 долари. Во нејзината лоша оценка, додала дека лошата понуда на вегански јадења, покажува колку недостатоци има Маунтин како готвач.

Откако била споделена лошата оценка, Маунтин тврди дека ресторанот е преплавен со негативни критики по социјалните мрежи, иако многумина веќе ја искажуваат својата поддршка за неговата радикална одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот