ВИДЕО: Поплава во Алабама, најмалку четворица мртви

Поплава во Алабама / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Најмалку четири лица загинаа во обилните дождови што поплавија делови од американската држава Алабама во средата вечерта.

Десетици луѓе беа спасени во центарот на Алабама, каде Националната метеоролошка служба објави дека паднале дури 33 см дожд, пренесе агенцијата АП.

Четиригодишно девојче и 18-годишно девојче загинаа кога поплавите ги однесоа возилата во североисточна Алабама, пренесува Танјуг.

Уште две тела беа пронајдени во автомобил што го однесе надојдената вода во предградието на Бирмингем.

Метрото во Бирмингем се уште е под вода, а метеоролозите предвидоа уште еден влажен ден за поголемиот дел од Алабама и делови од Флорида, Џорџија и Тенеси.

Патиштата беа блокирани доцна синоќа, а голем број спасувачи излегоа на местото на настанот откако беше издадено предупредување за поплава во неколку области.

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека многу луѓе биле спасени од возила заглавени во вода и дека домовите и патиштата се поплавени и дека дождовите се преселиле во области кои веќе се соочуваат со значителни поплави.

NWS во средата издаде предупредување за итни поплави за окрузите Шелби и Џеферсон во Алабама.

Во градот Пелхам 82 лица беа спасени од своите домови, а повеќе од 15 лица беа извлечени од поплавените возила.

 

Извор: Ал Џазира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот