ВИДЕО | Под контејнер во Атина најдено бело тигарче, животното е во критична состојба

Фото Принтскрин јутуб

Под контејнер во центарот на Атина е пронајдено бело тигарче кое било оставено во лоша здравствена состојба. Властите велат дека тигарот е жртва на нелегалната трговија со животни, пренесува грчкиот медиум „Прототема“.

„Јасно е дека се работи за нелегална трговија со животни. Некој го имал, не можел да се грижи за него бидејќи е парализирано и мислел да го остави надвор од Атинскиот зоолошки парк. Од вработените во комуналното претпријатие бевме известени дека виделе животно. Таа е мало женско тигарче. Сме наоѓале домашни животни оставени пред паркот. Но тигар?“, изјави директорот на зоолошката Жак Лезуер во разговор за грчката телевизија „Алфа“.

Белиот тигар кој бил напуштен е стар околу 3-4 месеци и „не може да оди, сè уште има потешкотии да лази со предните екстремитети. Во лоша состојба е. Тоа не е бенгалски или суматрански тигар, тоа е бел тигар. Станува збор за мутација, која обично ја наоѓате во циркусите. Тие не се животни што ги наоѓате во природата, тие се производи на мутација. Овој тигар ќе достигне должина од 2 метри и тежина од 200 килограми“, додаде Лезуер.

„Најголемата нелегална трговија во светот е трговијата со диви животни“, додаде тој, истакнувајќи дека тигарот „не пиел млеко и вода. Сè што јаде е мелено црвено месо. Тој што го имал не знае што значи грижа, ништо не знаел. Се грижиме за неа и чекаме да ни кажат што да правиме со неа. Ова животно нема да живее уште долго за жал…“.

Од своја страна, претседателката на Панхеленската филантропска федерација, Ирини Молфеси изјави дека животното „на чуден начин им поминало под носот на контролните органи“, додавајќи дека „има богати луѓе кои сакаат да имаат диви животни во нивните куќи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот