ВИДЕО | По обвинувањата за сексуално малтретирање: Стоечки овации за Кевин Спејси на Оксфорд

Фото: X/@MrAndyNgo

Американскиот актер Кевин Спејси изведе сцена од претставата „Тимон од Атина“ на Универзитетот Оксфорд, како дел од предавањето за „културата на откажување“, за што доби овации од присутните, пишува „Индепендент“.

Во својот прв сценски настап откако беше ослободен од обвиненијата за сексуално вознемирување, Спејси изведе сцена од Шекспировата драма „Тимон од Атина“.

По петминутната изведба од Шекспировата сатира за богатството, алчноста и предавството, публиката стана и му аплаудираше на 64-годишниот актер.

Критичарите често ја опишуваат „Тимон од Атина“ како драма која го истражува она што денес би се нарекло „култура на откажување“, или на англиски – „cancel culture“.

Делото, напишано на почетокот на 17. век, ја раскажува приказната за атински граѓанин кој го троши своето огромно богатство како покровител на паразитски писатели и уметници. Кога ќе го изгуби целиот свој имот, неговите поранешни пријатели го напуштаат.

Оскаровецот ја избра сцената како уникатен начин да разговара за сопственото исфрлање од Холивуд поради наводите за сексуално вознемирување.

„Тимон од Атина“ завршува со тоа што главниот лик станува огорчен пустиник отфрлен од атинското општество.

Кевин Спејси бил итно пренесен во болница: Му се слошило при посета на музеј во Узбекистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот