Кевин Спејси бил итно пренесен во болница: Му се слошило при посета на музеј во Узбекистан

Кевин Спејси / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Американскиот актер Кевин Спејси бил итно пренесен во болница поради страв од срцев удар, откако неговата рака почнала да трне. Непријатната ситуација се случила во Узбекистан, за време на неговото гостување на 15. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ташкент.

Според дополнителни извештаи, на актерот му се слошило во понеделникот, додека бил во посета на музеј. Потоа се пожалил дека „целата лева рака му се вкочанила за околу осум секунди“.

Во болница му биле направени низа тестови, бидејќи се сомневало дека може да доживее срцев удар, но лекарите му рекле дека сѐ е во ред.

„Господинот Спејси беше однесен во болница поради здравствени проблеми. Лекарите и останатиот медицински персонал го прегледале темелно и било констатирано дека нема проблеми со срцето“, рекол извор близок до актерот.

Подоцна истата вечер актерот излегол пред публиката на филмскиот фестивал и им се обратил на присутните.

„Ова ме натера да одвојам момент и да размислам колку е кревок животот – за сите нас“, рекол Спејси, а пренесе „Сан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот