ВИДЕО| Пленковиќ го оцени двегодишниот престедателски мандат на Милановиќ: Неговата политичка култура е на ниво на пијаница во кафеана

Запрашан како гледа на двегодишниот мандат на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, хрвтаскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека дека има две нивоа на катастрофа

„Надворешна политика, штетна, изолирана. Внатрешна токсична, спуштачка култура. Комуникација на ниво на вербално дивјаштво. Придонесот за подобрување на кој било сегмент од хрватската држава е нула“, рече Пленковиќ, додавајќи дека „политичката култура на Милановиќ е на ниво на пијаници во кафеана“, пренесува N1 Хрватска.

„Лажно ги обвинува своите политички опоненти. Ако иститре направиле кривично дело – нека докаже. Но ниту еден од оние кои ги обвинува не аправил кривично дело, ниту пак прекршиле некакви прописи. Доби се според прописите и целата оваа приказна е хајка и харанга оркестрирана исклучиво од него и неговите послушници. Јавно ме обвинува за да ми наштети изјави Пленковиќ.

 

Зоран Милановиќ/Фото: EPA-EFE/DANIEL NOVOTNY

Реакцијата на Пленковиќ беше рпедизвикана под изјавата на Хрватскиот премиер Милановиќ кој ги критукуваше привилегиите што ги користат политичарите, блиски на актуелната влада на ХДЗ и прмеиерот Пленковиќ

Во остар тон тој изјави дека дошле од нигде никаде и се регистрирале во Загреб

Погледнете ја изјавата на Милановиќ тука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот