ВИДЕО | Пендаровски: Не е потребно вонредна состојба бидејќи сега имаме функционално Собрание

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот Стево Пендаровски, запрашан зошто повторно не се прогласи вонредна состојба, објасни зошто во моментот не е потребно такво нешто, односно зошто според него вонредна состојба во моментот, како што рече, не врши работа.

-Претходно прогласивме вонредна состојба, но сега тоа не е потребно бидејќи сега имаме функционално Собрание. Претходно тоа се направи за да може Владата, наместо Собрането, да носи закони. Не ни е потребна вонредна состојба за да прогласиме полициски час, едното со другото не е поврзано, истакна Пендаровски.

Поради есенскиот бран на пандемијата, Пендаровски истакна дека, здравствениот систем се реорганизира, се ангажираат дополнителни капацитети, се прават максимални напори да се тестираат максимално повеќе лице и да се згрижат повеќе пациенти.

Тој додаде дека и без вонредна состојба, армијата е ангажирана во некои земји, а истото можеме да го сториме и ние.

ВИДЕО | Пендаровски: За жал сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, таа е исклучително сериозна

-Армијата е ангажирана во некои земји. Работат дури и епидемиолошки анкети. Доколку е потребно и јас ќе дозволам ангажирање на војниците, односно армијата да биде логистичка потреба, истакна Пендаровски.

Дека во моментот нема потреба од вонредна состојба истакна и премиерот Зоран Заев. Оваа ситуација да не се користи за добивање на политички поени, рече Пендаровски.

ВИДЕО | Филипче: Состојбата на Спасовски е стабилна, има благо покачена температура

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот