ВИДЕО | Пендаровски: За жал сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, таа е исклучително сериозна

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На самиот почеток почеток во своето обраќање претседателот Пендаровски му посака брзо закрепнување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој поради влошената состојба е хоспитализиран на Инфективната клиника.

-На деневен ред имавме само една точка, актуелната состојба со кови-19 и мерките на надлежните одграни за сузбивање на пандемијата. Министерот Филипче не информираше за материјалните ресурsи, за работата на Комисијата за заразни болести, за болничките капацитети и нивната рбаота. Премиерот Заев информираше за мерките на владата за поддршка на домашната економија и на сите категории на граѓани кои се најпогодени од пандемијата- рече Пендаровски.

Поради есенскиот бран на пандемијата, Пендаровски истакна дека, здравствениот систем се реорганизира, се ангажираат дополнителни капацитети, се прават максимални напори да се тестираат максимално повеќе лице и да се згрижат повеќе пациенти.

-За жал сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, секојдневно имаме значителен број на заболени, а бројот на оние чии животи згаснаа исто така е во пораст. Сведочиме дека и најравиените земји и најбогатите економиии тешко излагаат на крај со оваа ситуација. Не барам оправдување за секој потег на нашите власти кој е преземен во овие 8 месеци, меѓутоа во однос на сетот на мерки, јасно е дека не постојат мерки кои се применуваат во други држави, а кај нас не. Разликата е во нивото на почитување од страна на граѓаните и нивото на имплементација на законите од страна на државните институции- рече Пендаровски.

Оваа ситуација да не се користи за добивање на политички поени, рече Пендаровски.

-Дозволете ми да им оддадам признание на сите поединци, служби и институции во здрвстваниот сектор, кои секојдневно работат на сузбивање и превенирање на ситуацијата- рече Пендаровски.

Пендаровски апалираше сите да ги почитуваат протоколите и драстично намалување на дружбите и собирите, за себе и за своите најблиски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот