ВИДЕО | Откако ја обвинија за сексуално вознемирување: Лизо повторно шокира со нејзиното однесување

Фото: Instagram/ lizzobeeating

Откако три танчерки од тимот на американската ѕвезда Лизо (35), поднесоа кривична пријава против неа и ја обвинија за сексуално вознемирување, таа повторно шокираше со своето однесување.

Пејачката на социјалните мрежи сподели видо во бикини, на кое танцува провокативно на новата песна на Карди Би и Меган Ти Сталион, „Bongos“, покрај базен, во дворот на нејзиниот луксузен дом.

Нејзиното однесување шокираше и ги загрижи нејзините обожаватели, особено зошто се случува само еден месец откако нејзините поранешни танчерки ја обвинија за навреда и сексуално вознемирување.

„Дали ќе продолжиме како таа да не го присилила својот тим на секс“, „Ќе престанам да ја следам поради ова“, „Толку непотребно“, „Навистина посакувам да станеш сериозна за тоа што се случува“, се само дел од коментарите под објавата.

Инаку, пејачката неодамна се огласи на социјалните мрежи во врска со обвинувањата, велејќи дека нејзината работна етика, морал и почит се доведени во прашање. Во меѓувреме, нејзиниот правен тим наводно планира противтужба против трите танчерки.

Потсетуваме, откако трите поранешни танчерки поднесоа тужба за сексуално вознемирување, популарната пејачка доби уште шест тужби. Покрај големата загуба на следбеници на социјалните мрежи, во моментов се зборува и за откажување на нејзините настапи.

Во продолжение погледнете го видеото:

Танчарки ја тужат Лизо за сексуално вознемирување, едната од нив ја нарекла „дебела“

Се огласија и други поранешни соработници на Лизо: Работата со неа беше кошмар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот