ВИДЕО: Осимен блескаше со хет-трик, Елмас и Наполи осамени на врвот во италијанската Серија А

„Наполитанците“ освоија нови три бода во Серија А/Неапол, Италија/29 октомври 2022/фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Составот на Наполи ја продолжува победничката серија во италијанскиот шампионат, денеска на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со 4:0 го надигра Сасуоло.

Одличен меч имаше интернационалецот од Нигерија Виктор Осимен кој запиша хет-трик со погодоци во четвртата, 19 и 77 минута. Во 36 минута Грузиецот Хвича Кварацхелија стрелаше за 3:0.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 56 минута како замена за Зиелински.

На табелата „наполитанците“ се на врвот со 32 бодови, шест повеќе од Милан кој својот меч ќе го има в недела, а Сасуоло е на деветтата позиција со 15 бодови.

Во следното коло Наполи на 5 ноември ќе гостува кај Аталанта, додека Сасуоло истиот ден ќе игра со Емполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот