ВИДЕО | Оружјето на „смртта“ – вакуум бомбите сејат страв во Донбас

Руски напад во Украина/ Фото: Твитер

Русите ги засилија нападите врз Донбас бидејќи по секоја цена сакаат да ги освојат преостанатите делови од провинциите Доњецк и Луганск. Последните неколку дена небото и земјата непрекинато се тресат од жестокиот руски артилериски оган кој ја остава опожарената земја зад себе.

Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое, како што велат, се гледа како војската на Владимир Путин жестоко ги гранатира украинските позиции во Доњецк со термобарично оруже или популарно наречено вакум бомби.

 

„Руски ТОС-1С ги гранатираше украинските поизиции кај Новомихајловка во регионот на Доњецк. Вака изгледа најголемата и најстрашната војна на 21 век. Украина е подготвена да возврати. За да го направиме тоа, потребни ни се ракетен систем со повеќе цевки на НАТО веднаш!, “се наведува во видеото на Министерството за одбрана на Украина.

Инаку термобаричното оружје е познато и како аеросолни бомби. Станува збор за двостепена муниција која вшмукува кислород од околниот воздух за да создаде експлозија на екстремно висока температура. Конвенционалните бомби содржат четвртина од експлозиви и три четвртини од оксиданти, додека термобаричните бомби речиси целосно се состојат од експлозиви.

Иако видеата објавени на социјалните мрежи се уште никој не ги потврди, сепак од она што пренесуваат светските медиуми ниту ровови, ниту засолништа не штитат од дејството на овие софестицирани бомби.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот