ВИДЕО: Околу 3.000 волонтери на Црвен крст секојдневно им помагаат на граѓаните во ризик

Александра Ристовски- околу 3000 волонтери секојдневно им помагаат на граѓаните

Околу 3.000 активни волонтери на Црвениот крст секојдневно им стојат на располагање на граѓаните откако е започната пандемијата предизвиканата од коронавирусот. Тие се присутни во вакциналните пунктови, за време на карантините до врата им носеа лекови и храна на лицата во изолација, одговараат при катастрофи, спасуваат луѓе на планина и на вода.

На 5. декември кај нас и во светот се одбележа Светскиот ден на волонтерите, а Александра Ристовски од Црвениот крст на Град Скопје вели дека волонтерите се носечката сила на Црвениот крст и повикува што е можно повеќе млади луѓе да се приклучат на големото семејство волонтери.

– Бројот на волонтери беше поголем, но од почетокот на пандемијата, не знаејќи со што се бориме, сакавме да ги заштитиме помалку искусните, а на терен ги оставивме само искусните волонтери. Од неодамна почнавме да се враќаме на старите активности, го реотворивме Дневниот центар за стари лица, а веќе функционираат и клубовите за млади. По повод Светскиот ден на волонтерите беше издадено музичко ЦД со песни посветени на Црвениот крст, нешто што претставува трајна вредност, најистакнатите волонтери во 2021 година добија лично од првата дама добија благодарници на национално ниво, а во рамки на настанот беше организирана и фото изложба во која општинските организации имаа можност да пратат фотографии од волонтерите, под мотото: „Незапирливи, тие се херои“. На изложбата волонтерите беа прикажани со својот лик и нивните теренски активности, вели Александра.

Ристовски ги повикува заинтересираните да се пријават за волонтирање во Црвен крст.

– Пред неколку месеци снимивме интересно видео со актерите Тино и Атанас кои на интересен начин ги привлекуваат и ги повикуваат младите да се приклучат на активностите на Црвен крст. Кога ќе дојдат во организацијата се организира дисеминациска или ориентациска сесија во која им се објаснува каква организација сме ние, како делуваме, што работиме и активностите со кои располагаме, за да знаат каде според нивното поле на интерес тие можат да се вклучат. На пример, во Клубот на крводарители, во Клубот на млади, во тимот за одговор при катастрофи или во мигрантската криза, објаснува Александра Ристовски од Црвениот крст на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот