ВИДЕО | Објавен трејлерот: Џони Деп се враќа на големото платно, погледнете ја трансформацијата на актерот

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Објавен е трејлерот за филмот „Jeanne du Barry“ со Џони Деп во главната улога, а обожавателите на актерот можат да видат уште една негова одлична трансформација.

Деп не е виден на големото платно од судскиот процес за клевета против неговата поранешна партнерка Амбер Херд, а поради нејзините обвинувања дека е насилник беше означен како непожелен за голем број холивудски проекти.

Затоа, неговите обожаватели се особено возбудени поради претстојниот француски биографски филм „Jeanne du Barry“.

Во филмот „Jeanne du Barry“, по сценарио и режија на Мејвен и Теди Луси-Модест, Деп го игра Луј Петнаесетти, а Мејвен ја игра Мадам ди Бери.

Други членови на актерската екипа се Пјер Ричард, Ноеми Лвовски, Бенџамин Лаверне, Мелвил Поупо, Паскал Грегори и Индија Хер.

Филмот ја следи приказната за Жан Воберние, млада жена од работничката класа која е гладна за култура и задоволство и ја користи својата интелигенција и привлечност за да се искачи на општественото скалило.

На Твитер не стивнуваат одушевените коментари за филмот на Џони Деп.

„Морам да признаам дека Џони Деп изгледа брутално во овој филм“, „2023 ќе биде голема година за Џони Деп“, „Овој филм ќе ме натера да зажалам што не обрнав повеќе внимание на историјата на училиште“, се дел од коментарите на Твитер. Многумина пишуваат дека „едвај чекаат да го видат филмот“.

Инаку, Џони Деп ја одигра својата последна улога во филмот „Минамата“ од 2020 година, кој самиот го продуцираше.

Деп донираше 800.000 долари во добротворни цели вклучувајќи ја и болницата на која Амбер ѝ остана должна

Го замени Холивуд за мирен живот: Џони Деп се пресели во англиско село

Џони Деп се враќа на голема врата: Неговиот филм ќе го отвори Канскиот филмски фестивал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот