ВИДЕО: Нови апсења на антивоени протести во Русија, приведени се уште 800 луѓе

Фото: Дојче веле/Јутјуб/принтскрин

Во 37 руски градови денеска се приведени повеќе од 800 луѓе, кои демонстрирале против руската инвазија врз Украина, соопшти невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на демонстрации.

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Москва денеска се приведени речиси 300 луѓе поради „кршење на јавниот ред”.

Антивоените демонстранти во Русија, и покрај забраната за собири, секојдневно протестираат и ја осудуваат воената интервенција во Украина. Тие се соочуваат со парични и затворски казни.

Според ОВД-Инфо, од 24 февруари, кога почна инвазијата врз Украина, во Русија се приведени најмалку 14.700 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот