ВИДЕО | Николиќ по поразот на МЗТ: Пресуди квалитетот кој го има Црвена звезда

фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Одлично прво полувреме имаше македонскиот шампион против белградскиот евролигаш Црвена звезда, но недоволно за МЗТ Скопје Аеродром да направи било какво изненадување (57:80).

По релативно израмнетото прво полувреме, една серија иницирана од најскапиот играч на овие простори, Факундо Кампацо, беше доволна за фаворитот да го оправда тој епитет и очекувано да победи во скоро полниот СЦ „Јане Сандански“.

– Честитки до Црвена звезда на заслужената победа, видовте колку се силни и доминантни. Ние го дадовме максимумот и имаме за што да бидеме задоволни поради првата, втората и последната четвртина. Во третата четвртина „не постоевме“, но тука и најмалку се прашувавме. Пресуди квалитетот кој противникот го имаат и од тој аспект нема многу дискусии. Сметам дека колку што можевме во склоп со нашите можности одигравме одлично во првото полувреме. На тоа застанавме, евидентно немавме сили за тоа второ полувреме. Продолжуваме напред, опстанокот останува наша најголема цел сезонава во АБА лигата. Следуваат серија тешки натпревари, нема да се предаваме до самиот крај – рече тренерот на МЗТ, Драган Николиќ по мечот со Црвена звезда.

Стратегот на „металците“ најави дека ќе има измени во играчкиот кадар, односно верува дека уште повеќе тимот ќе се засили.

По 14 кола, МЗТ Скопје е на скор (2-12) и останува на последното место на табелата во АБА лигата. Во наредниот круг од натпреварите, аеродромци ќе играат против уште еден евролигаш. На 16 јануари, во Белград, ќе му гостуваат на Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот