АБА лига: Црвена звезда убедлива во Скопје, МЗТ имаше лоша трета четвртина

фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

Продолжува лошата серија на МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата во која го претрпе и 12 пораз (шести во низа) сезонава. Во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје македонскиот првак загуби од актуелниот шампион во регионалното натпреварување, Црвена звезда, со резултат 57:80.

Новото големо засилување за Црвена звезда, Аргентинецот Факундо Кампацо беше најефикасен со 21 поен, седум скокови и девет асистенции. За МЗТ Скопје Аеродром доминираше Американецот Дастин Вер со 16 поени (пет асистенции), следен од Војдан Стојановски кој забележа 13 поени (четири скокови).

Во ниту еден момент од мечот играчите на Драган Николиќ немаа предност, но три четвртини резултатски рамноправно се бореа против белградските „црвено-бели“.

По првото полувреме гостите имаа само три коша разлика (33:36), а третата четвртина се покажа како пресудна бидејќи противникот ја освои со огромни 27:8.

Таа висока позитива српскиот состав ја одржуваше до крајот на мечот и ја оствари својата 12 победа за враќање на првата позиција во генералниот пласман со 25 бодови, еден повеќе од Партизан, ФМП Београд и Цедевита Олимпија.

МЗТ останува на последната 14 позиција со 16 бодови, а во следното коло го очекува уште еден тежок меч, гостувањето во Белград против Партизан на 16 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот