ВИДЕО: Никола Јокиќ го запиша и 20 „трипл-дабл“ сезонава во НБА лигата против Шарлот

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Српскиот центар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ блескаше во триумфот над Шарлот хорнетс 119:105 во рамките од НБА лигата.

Јокиќ го запиша својот јубилеен 20 „трипл-дабл“ во сезоната. За 34 минути игра запиша 30 поени, 16 скока и 10 асистенции за тимот од Колорадо.

Кога Никола ќе забележи трипл-дабл, Денвер не губи. Тој тренд продолжи и на гостувањето во Шарлот. Нагетси успеаја да победат и покрај тоа што беа доста ослабени на овој меч со неиграњето на двајца важни играчи, Џамал ​​Мареј и Арон Гордон.

Во победничката екипа се истакна и Колдвел-Поуп со 15 поени, а за Хорнетси Пи Џеј Вашингтон постигна 22 поени.

НБА лига, резултати

Бруклин – Филаделфија 98:101
Шарлот – Денвер 105:119
Орландо – Мајами 103:107, 97:97 (по 1 продолжение)
Вашингтон – Индијана 127:113
Атланта – Сан Антонио 125:106
Њујорк – Јута 126:120
Кливленд – Чикаго 97:89
Голден стејт – Лос Анџелес лејкерс 103:109
Сакраменто – Далас 133:128, 114:114 (по 1 продолжение)

Табела, Западна конференција
1. Денвер нагетс 39-18
2. Мемфис гризлис 34-21
3. Сакраменто кингс 32-24

Табела, Источна конференција
1. Бостон селтикс 40-16
2. Милвоки бакс 39-17
3. Филаделфија сиксерс 36-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот