ВИДЕО: Не запираат жестоките борби за Карабах

Завојуваните страни сè уште се обвинуваат едни со други за гранатирање населени места.

Жестоките борби околу спорната област Нагорно Карабах продолжуваат и денеска, иако министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан отпатуваа во Вашингтон на разговори за решавање на повеќедеценискиот конфликт.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео закажа состанок со министрите за надворешни работи на двете земји, откако пропаднаа два договора за прекин на огнот со посредство на Русија.

Завојуваните страни сè уште се обвинуваат едни со други за гранатирање населени места.

Властите во непризнатата република Нагорно Карабах соопштија дека ракетите паднале од азербејџанските позиции на градот Мартакерет и на неколку села во областа Мартуни.

Азербејџанското Министерство за одбрана ги негираше обвинувањата и ги обвини ерменските сили за гаѓање во областите Тертер, Агдам и Агџабеди во текот на ноќта.

Вооружените конфликти меѓу Азербејџан и Ерменија околу Нагорно Карабах ескалираа кон крајот на септември. Во конфликтот има жртви и од двете страни. 

Нагорно Карабах останува воена зона: Турција е подготвена да испрати војска во Азербејџан

Прочитајте и...  Ахмети: Заев ја ризикува политичката кариера за европската иднина на земјава

Поврзани вести

Повеќе од 1.300 луѓе биле погрешно информирани дека се позитивни на ковид-19

И.И.

Хрватски пратеник сподели фотографија од жени наредени пред Зара, била лажна, но не толку далеку од вистината

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп одржа уште една новинарска лекција: Никогаш не зборувајте на претседателот на таков начин

И.И.

Вандализам во Охрид: Оштетен споменикот на жртвите од несреќата на бродот „Илинден”, МНР со осуда на инцидентот

Слободен печат

Тројца странски државјани уапсени на Косово во врска со убиство во Босна и Херцеговина

Илинка Иљоска

Заев под „вкрстен“ оган

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian