ВИДЕО | Не, тие не се баба и внук, туку наскоро ќе се венчаат: Таа е мојот избор и мојата среќа

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Таа е мојот избор и мојата среќа. Секој од нас има своја среќа, порача младиот Африканец Мујива и додаде дека врските со врсничките не му одговарале бидејќи со нив имал премногу драми.

На Мујива (25) од Конго не е ниту првиот ниту последен млад човек кој се заљубил во постара и позрела жена. Имено, неговата одбраничка Тереза има 85 години.

Таа зад себе има осум деца и дваесетина внучиња, меѓу кои многумина негодуваат што овој нетипичен пар наскоро ќе застане пред олтарот, а Тереза ќе ја вети љубовта на момче кое всушност може да биде нејзин внук. Но, на нив годините не им престставуваат проблем бидејќи, како што велат, тие се силно вљубени еден во друг и тоа им е единствено важно.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Парот се запозна во нејзиниот дом, во куќата која Тереза им ја изнајмувала на Мујиви и неговиот пријател, а тој се присети и на моментот кога за првпат се појавиле симпатиите.

„Добро го паметам тој петок. Цимерот не беше дома, а јас бев многу гладен. Тогаш буквално од никаде се појави Тереза и ми донесе нешто храна. Дојде и ми посвети многу внимание“, раскажа тој присетувајќи се дека дотогаш бил со многу врснички и дека во тие врски едноставно имало премногу драма.

„Нејзиното однесување кон мене ме натера да ја засакам. Свесен сум дека таа може да ми биде баба, но што сега? Таа е мојот избор и мојата среќа. Секој од нас има своја среќа“, порача тој и додаде дека се надева дека Тереза нема да почине пред него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот