ВИДЕО | Наумов од ТМРО: Главен акцент на кампањата во Штип ќе ставиме на задржување на младите во земјава

Лазар Наумов е кандидатот за градоначалник на Штип од ТМРО. Тој е роден штипјанец, истакнат музичар, дипломиран на „Илија Николовски Луј“, познат во општината по музичката група Бумбари.

Наумов е координатор на ТМРО за овој град и ќе ја добие подршката од неколку вонпарламентарни партии кои ќе застанат здружено зад неговата кандидатура.

-Се кандидирав за да направам промени во Штип, односно да ја завршам домашната работа што претходните градоначалници не си ја завршија, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Лазар Наумов.

-ТМРО и јас како нивен кандидат ветувам дека подеднакво важна ќе ни биде секоја една педа во Штип. Од денес и ние официјално ја започнуваме кампањата. Таа претежно ќе биде преку социјалните мрежи и програмата ќе биде доставена преку флаери до граѓаните на Штип. Целосно ќе бидат почитувани протоколите за заштита од ковид-19. Акцент ќе биде ставен на младите. Знаете дека во последните години имаме нагло иселување, бараат егзистенција во други држави, вели Наумов.

Целиот разговор со кандидатот за градоначалник на Штип од ТМРО, Лазар Наумов погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот