ВИДЕО: Наполи како „машина“ и во Серија А, Елмас не доби минутажа против Кремонезе

„Наполитанците“ се вратија на врвот во Серија А/Кремона, Италија/9 октомври 2022/фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Денеска во деветтото коло од најсилното италијанско првенство составот на Наполи со 1:4 триумфираше на гостувањето кај Кремонезе.

Во првиот дел составот на Лучано Спалети стекна предност со голот на Политано кој беше прецизен од пенал во 26 минута, а израмнија домаќините преку Десерс (47`).

Резервните играчи на Наполи ја донесоа победата на теренот во Кремона, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Симеоне, Лозано и Оливера.

Удинезе ремизираше на домашен терен со 2:2 против Аталанта, за домаќините не настапи нашиот напаѓач Илија Несторовски.

На табелата „наполитанците“ се на првото место со 23 бодови, два повеќе од Аталанта, додека е трет Удинезе со 20.

Серија А, деветто коло

Недела

Торино – Емполи 1:1
Монца – Специја 2:0
Салернитана – Верона 2:1
Удинезе -Аталанта 2:2
Кремонезе – Наполи 1:4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот