ВИДЕО: Наполи и Елмас сигурни против Удинезе, прв пораз на Интер во Серија А

фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Наполи во шестото коло од најсилното италијанско фудбалско првенство дома со 4:1 го совлада Удинезе. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас настапи од 83 минута како замена за Грузиецот Кварацхелија.

По првото полувреме водеа актуелните шампиони на Серија А со головите на Зиелински од пенал во 19 минута и Осимен во 39 минута на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол. За 3:0 се погрижи Кварацхелија, гостите само намалија преку Самарџиќ (81`), а само 60 секунди подоцна трите бода ги потврди Симеоне.

Лацио со 2:0 со головите на Весино во 56 минута и Ѕакањи во 75 минута на „Олимпико“ во Рим го надигра Торино.

Интер го претрпе првиот пораз сезонава во шампионатот, откако загуби пред своите навивачи со 1:2 од Сасуоло. Непосредно пред крајот на првото полувреме домаќините постигнаа гол преку Думфрис (45+1`). Потоа, во 54 минута израмни албанскиот интернационалец Бајрами, а пресвртот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано го комплетираше Берарди (63`).

На табелата моментно првото место го делат Интер и Милан со по 15 бодови, Јувентус има 13, на четвртата позиција е Аталанта со 12, а Наполи и Лече имаат по 11.

ВИДЕО: Милан со пресврт до триумф над Каљари во Серија А

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот