ВИДЕО: МЗТ Скопје Аеродром е во полуфиналето на АБА 2 лигата

фото: Siroki TT Kabeli

На возвратниот дуел од четвртфиналниот плеј-оф во АБА 2 лигата кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа минимален пораз на гости кај босанскиот Широки (68:70), но благодарение на високиот триумф во првиот натпревар од 85:69 обезбедија пласман во следната фаза.

По далеку од идеалното прво полувреме, поточно лошо одограната втора четвртина, македонскиот шампион направи вистински играчки и резултатски „камбек“ во второто полувреме од вториот четвртфинален натпревар од АБА 2 плеј-офот. Загуби со минимален резултат, но дозволен за премин во онаа полуфинална фаза.

На почетокот на втората четвртина, домашната екипа направи серија од (9-2) за првото посериозно одвојување на средбата во „Пецара“ (27:18). Само шест поени во осми минути од втората четвртина имаше македонскиот шампион. А екипата на Широки го искористи тоа да направи (16-6), и да поведе со уште повисоки (34:22). Слично беше и на крајот на првото полувреме, МЗТ Скопје Аеродром имаше висока негатива (28:39).

По две и пол минути од третата четвртина, екипата од Скопје „врза“ шест поени, и се симна“ на негатива од само пет поени (34:39). А по поените на В. Стојановски, а веднаш потоа и тројката на Робев, таа негатива беше уште помала (50:53), кога се играше последната минута од тој период.

Или период на „враќање“ на МЗТ Скопје назад во игра, дури и за победа. Затоа што нашиот претставник дури и поведе откако ги реализираше последните два напади од третата четвртина (54:53). Во онаа последната, на теренот се некако делуваше рамноправно. „Металците“ се задоволија со фактот дека се блиску до полуфиналето. Не доволија ново резултатско „отскокнување“, и помалку рутинерски го заврпија ова „второ полувреме“ по кое имаат поголеми причини за радост.

Обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот, каде за противник го имаат Спартак од Србија. Екипата од Суботица заврши како првопласирана во регуларниот дел, а во четвртфиналето, беше два пати подобра од словенечкиот Хелиос (победа на гости од 84:71 и 79:68 на домашен терен).

Првиот полуфинален меч од оваа серија ќе се игра на 24 април, во Скопје. А на оваа во Широки, Делалиќ го предводеше нашиот тим со 18 поени. По 13 имаа браќата Војдан и Дамјан Стојановски, додека 10 поени дојдоа од Баковиќ. Во другата полуфинална серија пак ќе разигруваат екипите на Војводина и на Подгорица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот