ВИДЕО | Mудрик дебитираше, Ливерпул и Челзи ремизираа

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Дербито во англиската Премиер лига помеѓу Ливерпул и Челзи денес заврши без победник.

Двете екипи во натпреварот влегоа со сериозна резултатска криза, па денес како повеќе да мислеа на својот гол во страв да не го загубат и овој натпревар. Гледавме натпревар кој не изобилуваше со добри прилики, а по 90 минути игра средбата заврши 0:0.

Коди Гакпо, најзвучното засилување за Ливерпул во зимскиот преоден рок го запиша и четвртиот настап за „црвените“, но повторно остана без гол.

За издвојување од натпреварот е и дебито на засилувањето од 100 милиони евра за Челзи, Михаило Мудрик. Само што влезе во игра Мудрик го покажа својот талент и влезе во две големи прилики за погодок. Сепак и во двете ситуации шутираше покрај голот.

По ова реми Ливерпул е на осмата позиција на табелата, додека Челзи е десетти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот