ВИДЕО: Можности за студирање во Грција, презентирани студиите и програмите

Можност за македонските студенти за студии во Грција/Фото: Скриншот

Во саботата, на 09.04.2022, се одржа онлајн презентација на студиски програми на грчките унивезитети за заинтересираните ученици од Северна Македонија под наслов “Studies in Greece: Fusion of Knowledge and Experience”, којшто беше во организација на Здружението „Пелагонија” и поддржан од Генералниот конзулат на Грција во Битола и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Северна Македонија.

На настанот беа презентирани студиски програми коишто се нудат на факултети за политехника, на катедри за информатика, музика и ликовна уметност, како и на катедри за странски јазици, превод и толкување.

Настанот го поздравија генералниот секретар за грчката дијаспора и јавна дипломатија при грчкото Министерство за надворешни работи, почесниот професор Јанис Хрисулакис, генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис, шефот на Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Северна Македонија, Константинос Прокакис, генералниот управител за високо образование при грчкото Министерство за образование и религии, Панајотис Јанопулос, како и претседателот на Советот на ректорите на грчките универзитети, професорот Триантафилос Албанис. Модератор на настанот беше потпретседателот на Здружението „Пелагонија”, Кристијан Велјанов.

Генералниот секретар за грчката дијаспора и јавна дипломатија при грчкото Министерство за надворешни работи, Јанис Хрисулакис, на настанот нагласи дека „постојат многу студенти од Северна Македонија кои се истакнуваат на грчките Универзитети, а кои се поддржани со стипендии кои ги нуди грчкото Министерство за надворешни”, додавајќи дека „на деветнаесет државни универзитети од цела Грција се нудат околу 140 меѓународни постдипломски студиски програми, кои се одвиваат на странски јазик – главно на англиски – и нивниот број постојано расте”.

Генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис, нагласи дека „студентите од Северна Македонија коишто ќе одлучат да студираат во Грција ќе имаат една благородна мисија: За време на нивното студирање да бидат амбасадори на Северна Македонија и на Грција, а се надеваме дека по завршувањето на нивните студии тие ќе се вратат во Северна Македонија и ќе бидат амбасадори на Грција во нивната земја. Врските и мостовите кои тие ќе ги изградат ќе го зацврстат меѓусебното разбирање, почитта и довербата на нашите народи”.

Шефот на Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје, Константинос Прокакис, истакна дека „Грција располага со многу добро организирани и престижни универзитети со меѓународни акредитации, коишто можат да понудат знаење и вештини кои ѝ се потребни и по кои што жеднее младината на Северна Македонија, со цел да се придонесе кон европската трансформација на државата”.

Генералниот управител за високо образование при грчкото Министерство за образование и религии, Панајотис Јанопулос, спомена дека Министерството оддава големо значење на екстроверстноста на грчките Универзитети и во тој контекст „одлучи да го поддржи отворањето на нивни филијали во други земји”.

Претседателот на Советот на ректорите на грчките универзитети, професорот и декан на Универзитетот во Јанина, Триантафилос Албанис, се осврна на политиката на интернационализација на грчките универзитети и ја истакна важноста на образовната размена преку Erasmus програмите за промоција на науката и истражувањето.

На настанот говор одржаа и деканот на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, професорот Антонио Китановски, професорот Сашо Поповски од истиот Универзитет, како и професорката од Техничкиот факултет во Битола, Соња Чаламани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот