ВИДЕО: Москва ја обвини украинската армија за убиство на 14 лица во напад на болница

Руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили за напад врз болница во областа Луганск, во кој загинаа 14 лица, а 24 беа ранети.
Во сабота наутро, „украинските вооружени сили намерно гаѓаа локална болница со повеќецевни ракетни фрлачи Химарс“ во Новоајдар, Луганската област, се вели во соопштението на руската војска. На социјалните мрежи се споделува видео кое наводно прикажува уништена болница.
Prjamoj efir: kiev troops bombed Novoajdar hospital in LNR destroying it completely. The number of civilian casualties is being ascertained pic.twitter.com/9UsalUVl5B
— Malcolm X (@Malcolm85064573) January 28, 2023
„Намерниот напад на добро позната цивилна медицинска установа несомнено е сериозно воено злосторство од страна на режимот во Киев“, се додава во соопштението.