ВИДЕО: Митревски му фати „зицер“ на Дибиров, Македонецот блескаше во триумфот на Порто во ЛШ

Никола Митревски/фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски повторно имаше одлична партија во дресот на Порто во ЕХФ Лигата на шампионите. Португалскиот клуб на домашен терен во рамките од заостанатото 12 коло со 28:26 пред своите навивачи го совлада ППД Загреб.

Митревски на овој меч во втората победа сезонава за Порто придонесе со 13 одбрани. Една од нив Португалците објавија во која се гледа како нашиот чувар на мрежата го запре ударот на екс членот на Вардар 1961, Тимур Дибиров кој беше во контранапад.

Веитиа за Порто беше најефикасен со шест голови, а Дибиров со 10 погодоци се истакна како прв стрелец кај Хрватите.

На табелата по 13 кола Порто кој ги загуби шансите за понатаму во елитното клупско натпреварување е на последното осмо место со пет бодови.

ППД Загреб е на шестата позиција со осум бодови и заедно со Висла кој има седум на седмото место води битка за влез во плеј-офот.

Во последното коло на 1 март ППД Загреб ќе му гостува на данскиот ГОГ, додека следниот ден Порто ќе биде домаќин на полската Висла.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот