ВИДЕО | Миовски донесе победа за Македонија против Фарски Острови

Фото: Screenshot

Македонската фудбалска репрезентација денес во пријателскиот натпревар против Фарски Острови славеше минимална победа од 1:0. Човек на одлука беше напаѓачот на Абердин, Бојан Миовски во завршницата од натпреварот.

Првите 20-тина минути игра од натпреварот поминаа со мирна игра без шанси на натпреварот. Единствена закана кон голот на гостите во тој период ја упативме преку Милан Ристовски кој со глава шутираше покрај голот.

Валон Етеми во 25-тата минута излезе „еден на еден“ по долгата топка на Стефан Ристовски, но во таа ситуација беше досудена сомнителна офсајд позиција,

Фото: Screenshot/MTV

Во 32-та минута по една конфузија во одбраната на противникот се најдовме во добра прилика, но добивме само корнер, од кој се заканивме преку Дарко Велковски. Четири минути подоцна Алиоски се најде во одлична шанса, а неговиот силен удар заврши во пречката од голот.

Единствената посериозна прилика противникот ја имаше во во 40-тата минута кога Стефан Радосљевиќ шутираше над голот на Шишиковски.

На стартот од второто полувреме, Милевски го освежи нападот со влегувањето на Бојан Миовски и Елиф Елмас, Илија Несторовски и Милан Ристовски. Но и со нив на теренот не се менуваше многу сликата на теренот, првата закана во вториот дел ја испративме преку Јани Атанасов кој од далечината шутираше над голот, тоа беше единствениот наш удар во првите 15 минути од второто полувреме.

Дарко Чурлинов во во 68-та минута се обиде со удар од работ на шеснаесетникот, но и неговиот удар заврши над голот без проблеми за гостинскиот голман. Веднаш по тој обид на Чурлинов следуваа две нови замени во нашата селекција, Давид Бабунски и Агон Елези ги заменија, Валон Етеми и Јани Атанасов.

За издвојување е и дебито на Јован Манев за националниот тим кој на 15-тина минути го замени Дарко Велковски. Во 78-та Елмас пропушти голема прилика, а само две минути подоцна Миовски го постигна одлучувачкиот гол на натпреварот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот