ВИДЕО: Милан „броеше“ до седум, Јуве и натаму се мачи за ЛШ!

epa09195272 Milan?s Theo Hernandez (C) scores the 0-4 goal goal during the Italian Serie A soccer match Torino FC vs AC Milan at the Olimpico Grande Torino stadium in Turin, Italy, 12 May 2021 EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

На две кола до крајот на сезоната во Серија А продолжува борбата за една од Топ 4 позициите кои водат во Лигата на шампионите следната натпреварувачка сезона.

Денеска се одиграа осум натпревари, најубедлив беше Милан кој триумфираше со дури 0:7 на гостувањето кај Торино. Хет-трик за „росонерите“ запиша Ребиќ, два гола постигна Хернандез, а по еден Кесје и Диаз.

Интер кој веќе ја освои титулата во дербито на колото со 3:1 во Милано ја совлада Рома. За „нера-ѕурите“ голови имаа Брозовиќ, Весино и Лукаку, а за римската „волчица“ единствениот погодок беше дело на Мхитарјан.


Јувентус и натаму се мачи за место во ЛШ, вечерва запиша нов триумф од 1:3 против Сасуоло, Кристијано Роналдо кој дојде до уште една „стотка“ беше двоен стрелец.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше стартер и настапи до 69 минута во гостинската победа на Џенова против Болоња и на тој начин го обезбедија опстанокот во елитата. Во другите мечеви: Каљари-Фиорентина 0:0, Аталанта-Беневенто 2:0, Лацио-Парма 1:0, Сампдорија-Специја 2:2.

Табела: Интер 88 бодови, Аталанта 75, Милан 75, Наполи 73, Јувентус 72, Лацио 67, Рома 58…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот