ВИДЕО | Меланија Трамп за првпат се појави во јавност по апсењето на Доналд Трамп

Доналд и Меланија Трамп на велигденски појадок / Фото: Скриншот/Инстаграм

Меланија Трамп била видена за првпат по апсењето на нејзиниот сопруг Доналд Трамп минатата недела. Имено, таа била забележана како ужива во велигденскиот појадок со својот сопруг во неговиот клуб Мар-а-Лаго, пишува „Пипл“.

Ова појавување го означи враќањето во нормала за поранешниот американски претседател и поранешната прва дама на САД, кои во минатото секоја година одеа на велигденски појадок, како дел од нивната празнична традиција.

Доналд Трамп бил облечен во својот вообичаен костум и вратоврска, додека Меланија Трамп носела бела блуза со виолетов цветен принт.


Инаку, на многумина им падна во очи тоа што Меланија Трамп не беше присутна за време на говорот на Донал Трамп, што тој го одржа минатата недела по судењето на Менхетен, каде беше обвинет за 34 кривични дела поврзани со исплата на тајни пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Нејзиното отсуство покрена прашања кај многумина, особено затоа што нејзиниот татко Виктор Кнавс беше присутен за време на говорот на неговиот зет.

Повеќе на темата:

Четири работи кои треба да се следат во случајот со Трамп

Која е Сторми Даниелс? Поранешната порноѕвезда може да го смести Трамп во затвор

Која е Карен Мекдугал? Зајачицата на „Плејбој“ е втората жена во случајот со Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот