Која е Карен Мекдугал? Зајачицата на „Плејбој“ е втората жена во случајот со Трамп

Карен Мегдугал/ Доналд Трамп/Фото: Инстаграм/ EPA-EFE/Oliver Contreras POOL

Обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп се фокусира на неговата исплата на пари во замена за молчење на поранешната порно-ѕвезда Сторми Даниелс. Меѓутоа, на судењето обвинителот го спомна и името на уште една жена – зајачицата на „Плејбој“ Карен Мекдугал.

Во официјалните документи нејзиниот идентитет е заштитен со шифра Жена 1, но доказите сугерираат дека тоа е Мекдугал.

Таа е поранешна зајачица на „Плејбој“ која, како и порно-актерката Сторми Даниелс, исто така тврдеше дека имала вонбрачна врска со Трамп. Мекдугал рече дека тоа траело десет месеци, додека Трамп негираше дека тоа некогаш се случило.

Инаку, „Њујоркер“ во 2006 година напиша дека Мекдугал и Трамп се запознале во вилата на „Плејбој“ во Лос Анџелес, каде што тој снимал епизода од своето реално шоу „Практикант“. Мекдугал потоа изјавила дека на Трамп, кој во тоа време бил оженет, веднаш му се допаднала.

Мекдугал тврди дека била во 10-месечна врска со Трамп и дека се гледале најмалку пет пати месечно.

Потоа, во 2016 година, во пресрет на претседателските избори, таа потпишала договор вреден 150.000 долари за да ја раскаже приказната за нејзината врска со Трамп ексклузивно за таблоидот „Нејшенл екваер“. Со потпишувањето на тој договор ѝ било забрането јавно да зборува за наводната афера. Меѓутоа, написот никогаш не беше објавен и Мекдугал инсистираше на тоа дека била измамена.

Намерното купување приказна, а потоа нејзино „закопување“, во американските таблоиди е познато како „фати и убиј“, а таблоидот „Нејшенл екваер“ наводно го направил за да ги потисне негативните приказни за Трамп.

Потоа, неколку години подоцна, американската сојузна изборна комисија открила дека издавачот на „Енкваер“ ги прекршил изборните закони со купување на правата за приказната за Мекдугал, која никогаш не ја објави. Утврдено е дека парите исплатени на Мекдугал во текот на претседателските избори во 2016 година се незаконски придонес во кампањата. „Нејшенл екваер“ е казнет со 187.500 долари.

Мекдугал јавно ѝ се извини на сопругата на Трамп, Меланија, во 2018 година за наводната афера.

„Жал ми е. Не би сакал некој да ми го направи тоа. Кога ќе погледнам назад, каде бев тогаш, знам дека не беше во ред. Навистина ми е жал поради тоа. Знам дека тоа е погрешно“, рекла Мекдугал.

Инаку, Трамп отсекогаш негирал дека имал афера со Мекдугал, а обвинението со кое се соочува Трамп е единствено фокусирано на исплата на тајни пари на Сторми Даниелс.

Порно ѕвездата Сторми Даниелс ќе соработува со обвинителите во истрагата против Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот