ВИДЕО | Мексико „под сач“: Третиот по ред топлотен бран однесе осум животи

Фото: принтскрин

Осум луѓе починале досега во третиот топлотен бран што го погоди Мексико од средината на април наваму, соопшти Министерството за здравство на земјата. Температурите во делови од Мексико се искачија до 40 степени, а во главниот град Мексико Сити, кој се наоѓа на надморска височина од 2.240 метри, неделава се измерени рекордни 35 степени.

Седум жртви починале од топлотен удар и една од дехидрација, се вели во соопштението на Министерството.

Во североисточниот град Монтереј, температурите надминаа 40 степени, во домовите едвај има вода, а зголемената побарувачка за струја поради постојано вклучените клима-уреди доведе до низа прекини во снабдувањето.

Во државата Сонора, пак, локалните власти соопштија дека вчера биле измерени неверојатни 48 степени.

Владата на државата Нуево Леон, во која се наоѓа Монтереј, го ограничи времето што децата го поминуваат на училиште на два часа дневно. Мексико и лани прогласи вонредна состојба поради сушата во делови од земјата, предизвикана од долготрајните топлотни бранови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот