ВИДЕО: Медведев до шампионскиот пехар во Дубаи, а потоа го „пецна“ Циципас

фото: EPA-EFE/Frabeland Charles Mallari

Рускиот тенисер Данил Медведев ја освои титулата на турнирот во Дубаи, откако во финалето го совлада сонародникот Андреј Рубљов сонародник убедливо со 2:0 во сетови 6:2 и 6:2.

Медведев до својата 18 титула во својата кариера, трета по ред, дојде по само 68 минути игра.

Претходно славеше во Ротердам и Доха пред турнирот во Дуваи, па стана третиот тенисер кој освои три титули во исто толку недели од 2021 година, придружувајќи им се на Каспер Руд (јули 2021) и Феликс Оже Алијасим.

Од друга страна, Рубљов не успеа да ја одбрани титулата во Дубаи освоена минатата година и остана на 12 освоени трофеи.

Медведев по освојувањето на шампионскиот пехар имаше низа пофалби за Рубљов, а потоа го „пецна“ и грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој по поразот од Рубљов на Завршниот мастерс во Торино, немаше убави коментари за Андреј.

– Прво, да му честитам на Андреј за одличната недела. Јас само ќе потсетам на не толку одамна изјава на еден играч, кој рече дека тој (Андреј) не поседува многу „оружја“. Кога го прочитав тоа, си реков: „Како може тоа да каже? Андреј е еден од највештите тенисери на турнирите, но сè уште не го покажал сиот потенцијал. Сигурен сум дека може да освојува грен слемови, се надевам дека уште многу пати ќе го победи тој човек (Циципас) – рече Медведев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот