ВИДЕО | Марта Гусар: Страшни се правните лавиринти додека жртвата на родово насилство стигне до правдата

Марта Гусар, адвокат / Утрински брифинг
Марта Гусар, адвокат / Утрински брифинг

Жените и девојките кои се жртви на родово базирано насилство поминуваат тежок пат до правдата. Адвокатката Марта Гусар смета дека денес состојбата е подобра отколку пред неколку години но и понатаму треба да се работи во правосудството кога се работи за специфичните случаи на родово базираното насилство, сексуално вознемирување и слични случаи.

„Имам навистина многу случаи на родово засновано насилство, почнав пред неколку години кога беше донесен и првиот закон за заштита од семејно насилство. Во тој период сите го кршевме мразот и јас, и судиите и жртвите, за да конечно по сите обуки кои што ги поминавме почнавме да ги заштитуваме жените. Лавиринтот е огромен и страшен, тоа можам слободно да го кажам како адвокат, а не пак како жртва. Меѓутоа, навистина со текот на годините работите одат во подобра насока. Сега имаме збунувачка ситуација со новиот закон, донесен во мај, во кој се прошири сегментот на насилството, иаме други елементи и други видови насилство кое треба да се препознава, но мислам дека се’ уште не се препознава и затоа и мојот апел е кога се спроведуваат кампањи да не се покажуваат жени со модро око, затоа што насилството не е само физичко, имаме повеќе видови на насилство кои што не се препознаваат. Кога една жртва ќе пријавеше психичко насилство, и’ велеа – ‘одете дома ова не е ништо, ќе се разберете’. Така од старт имаме проблем што не се препознава психолошкото насилство, не се препознава ниту економската зависност која е многу честа кај нас“, вели за Утрински брифинг адвокатката Марта Гусар.

Таа вели дека се’ уште жртвата се’ уште е во ситуација да се трауматизира бидејќи на рочиштата и во текот на постапката таа се среќава со насилникот.

Повеќе од разговорот за тоа тоа како се одвиваат постапките во судот при родово базирано насилство, кои обично се затворени за јавноста, погледнете во видеото.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот