ВИДЕО: Мареј блескаше против Бостон, Јокиќ за малку до „трипл-дабл“ учинок

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер нагетс во НБА лигата ја прекинаа импресивната низа на Бостон селтикс од 20 победи во низа на домашен терен.

Славеше тимот од Колорадо со 102:100 најмногу благодарение на одличните партии на Џамал Мареј и Никола Јокиќ.

Мареј запиша 35 поени, осум скокови и пет асистенции, додека Јокиќ имаше 34 поени и 12 скокови, а му недостасуваше уште една асистенција да го комплетира „трипл-дабл“ учинокот.

Трагичар беше најдобриот играч на Бостон, Џејсон Тејтум кој во последната секунда имаше можност да го однесе мечот во продолжение, но не реализираше шут за два поени.

Најефикасен во поразената екипа беше Дејрик Вајт со 24 поени, Тејтум уфрли 22, а Кристапс Порзингис 21.

Денвер е на третата позиција во Западната конференција (29-14), додека Бостон е првопласиран на Истокот (32-10).

НБА лига, резултати

Шарлот – Сан Антонио 124:120
Орландо – Филаделфија 109:124
Бостон – Денвер 100:102
Мајами – Атланта 108:109
Њу Орлеанс – Феникс 109:123
Голден Стејт – Далас (одложено)
Портланд – Индијана 118:115
ЛА Лејкерс – Бруклин 112:130

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот