ВИДЕО: Лутиот Стојанче Стоилов собори „комита“ во намерата да се спречи поголем инцидент

фото: принтскрин/twitter.com/Drakaryyys

Низа инциденти се случуваа на големото ракометно дерби во Македонија во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје помеѓу екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.

На социјалните мрежу се објави видео во кое се гледа како играчот на Вардар 1961, Стојанче Стоилов крајо лут поради влегувањето на навивавите на актуелниот шампион влетаа на теренот и почнаа со секакви предмети да фрлаат кон трибината каде што се наоѓаа верните фанови на Еурофарм Пелистер, „Чкембари“.

Стоилов во намерата да се престане со таквите насилнички постапки, влезе во „клинч“ со еден комита, пивотот со сета сила го собори на паркетот.

Ситуацијата мораа да ја смируваат и останатите играчи на скопските „црвено-црни“.

Останува во следниот период да се види какви одлуки ќе донесе Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија и со какви казни ќе се соочат клубовите порад хаосот кој го направија навивачките групи.

Приведени 18 лица во хаосот на дербито помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот