ВИДЕО | Луѓето се гушат во солзи поради ова видео: Дали сте го гледале најтажниот спот во историјата?

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Дали сте го гледале новиот спот на Луис Капалди за песната „Wish You The Best“, во текот на кој луѓето не можат да ги задржат солзите? Многу обожаватели на британскиот изведувач веќе го нарекуваат „еден од најтажните спотови во историјата“, а многумина објавија снимки со првите реакции на социјалните мрежи.

„Овој спот ми го уништи животот“, „Немојте да ги гледате ова“, „Знаев што ќе се случи“, „Луиз, ова не е во ред, зошто го направи ова?“, велат обожавателите во објавите на Тик-ток. Имаше и такви кои не им верурвале, па подоцна признаа дека и самите се расплакале. За тоа проговори и самиот пејач, кој на Тик-ток ги објави своите реакции на солзите на неговите обожаватели.

„Не, нема шанси да го гледам“, „Нема да си го правам тоа себeси“, пишуваат оние кои сè уште не го погледнале видеото, откако ги виделе реакциите на другите.

Спотот го следи односот помеѓу кучето и неговиот сопственик. Станува збор за постар поштар по име Џон и неговиот верен миленик по име Вилоу. Исто како и самата песна, видеото зборува за силна љубов и загуба и испраќа порака дека силната љубов остава трага засекогаш, во сечие срце.

 

@lewiscapaldiyour reactions to ‘wish you the best’ 🥺💔♬ Wish You The Best – Chorus – Lewis Capaldi


„Се работи за тоа дека некој продолжува понатаму, а ти знаеш дека тоа е најдоброто нешто за таа личност. Ти ѝ велиш: „Среќно, навистина сум среќен поради тебе“, но всушност умираш одвнатре и сакаш да ѝ го кажеш сето она поради шо ќе да ти недостига и сѐ она поради што да сакаш да остане“, рекол Капалди во интервјуто за пораката на песната.

„Значи, една навистина среќна песна за лето“, се пошегувал тој.

Спотот за песната „Wish You The Best“ на Јутјуб за две недели е погледнат повеќе од 10 милиони пати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот