ВИДЕО: Лион го изненади Порто, еврогол на Костиќ против Реал Бетис

Филип Костиќ донесе радост за фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт/Севиља, Шпанија/9 март 2022/Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа славеа со 2:1 на гостувањето кај Реал Бетис.

Со еден прекрасен гол на српскиот интернационалец Костиќ во 14 минута донесе предност за германскиот претставник.

После половина часа игра Шпанците израмнија преку Фекир, а само две минути подоцна гостите ја вратија позитивата благодарение на Камада.

Составот на Гласнер можеше да слави уште поубедливо, но во 52 минута Боре не беше прецизен од белата точка.

Се одигра уште еден меч, францускиот Лион приреди изненадување совладувајќи го Порто во Португалија со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Бразилецот Пакета во 59 минута.

Реванш средбите Лион – Порто и Ајнтрахт Франкфурт ќе се одиграат на 17 март 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот