ВИДЕО | Ледецки со неверојатно време: Подобри светски рекорд за дури 10 секунди

Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Американската пливачка Кети Ледецки постави нов светски рекорд во трката на 1.500 метри. На Светскиот куп во Торонто во кратки базени таа исплива за скоро десет секунди подобро време од досегашниот рекорд кој го држеше Германката Сара Велброк.

Освојувачката на олимписки медали патеката ја мина за 15.08.24 и со дури 40 секунди пред второпласираната Бразилка, Беатрис Дизоси.

„Првпат пливам 1.500 метри во кратки базени и не знаев што да очекувам. На крајот се излезе одлично“, изјави Ледецки.

Споменатиот рекорд Велброк го постави пред три години, а треба да се знае дека должината на едно препливување во кратки базени е 25 метри што е двојно помалку од нормалните базени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот