ВИДЕО: Лазаров во топ 5 најубави голови на колото во Лига Европа

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со ново признание од ЕХФ/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

По ремито во Данска против ГОГ Гудме пред една недела, екипата на Нант повторно ремизираше во групната фаза на ЕХФ Лига Европа.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и соиграчите не успеаја да ја совладаат Бенфика на домашен терен (33:33), забележувајќи го второто реми во серија во второто по ранг клупско натпреварување во Европа.

Нашиот селектор постигна еден погодок, а токму тој се најде во топ 5 најубави голови на колото во Лигата на Европа.

Десниот бек Лазаров се наоѓа на петтата позиција, а во изборот се и Симон Питлик (ГОГ), Михал Дашек (Висла Плоцк), Мохамед Санад (Ним) и Јан Тарафета (Екс).

Во топ 5 најдобри одбрани на првото место се најде поранешниот голман на Вардар 1961, Робин Кантегрел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот