ВИДЕО: „Кралот на фудбалот“ го играше последниот меч за Бразил против Југославија

фото: EPA-EFE/SEBASTIAO MOREIRA

По долга борба со тешката болест, почина легендарниот Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле. Долго време боледуваше од рак на дебелото црево, а болеста завладеа и ги нападна срцето и бубрезите.

Целиот свет ја оплакува неговата смрт, а многумина паметат многу детали од неговата кариера.

Она што е особено интересно за овие простори е тоа што тој се прости од репрезентацијата на Бразил со мечот против поранешна Југославија на 18 јули 1971 година.

На овој натпревар присуствуваа повеќе од 100.000 гледачи, а според некои проценки и до 160.000 на легендарната „Маракана“.

Фудбалската федерација на Бразил и самиот Пеле инсистираа неговиот последен меч во дресот со националниот амблем да биде против Југославија.

Гостите поведоа со голот на Џајиќ во 35 минута, домашните го прекинаа резултатот на 2:1 со головите на Ривелин и Жерсон, а Јурица Јерковиќ со одличен удар во 70 минута израмни на 2:2.

На 10 минути пред крајот, Пеле ги крена двете раце и истрча почесен круг, со громогласен аплауз од целиот стадион. Цел Бразил плачеше тој 18 јули 1971 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот