ВИДЕО | Комбе се запали на бензинска пумпа во Јужна Африка

Фото Јутуб

На бензинска пумпа во предградието на Јоханесбург во Јужна Африка избувна страшен пожар во комбе, а целиот хаос го снимила безбедносна камера.

На видеото се гледа како пожарот почнува од предниот долен дел на возилото кое работело како такси.

Возачот избезумено се обидел да ја отвори вратата додека другите патници се искачувале од задните прозорци бидејќи за неколку секунди возилото се наполнило со чад.

Одлучна се покажала интервенцијата на 36-годишниот вработен на бензинската пумпа, кој му помогнал на возачот на возилото да се спаси.

„Кога го видов пожарот под возилото, истрчав да им помогнам на оние што беа во него. Не размислував за себе, внатре имаше најмалку 13 луѓе и знаев дека не можам да ги оставам“, вели вработениот.

Според него, двајца од сопатниците во возилото се здобиле со полесни повреди кога излегле во инцидентот што се случил на 27 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот