ВИДЕО | Коциќ: СДСМ ја зголеми минималната и просечната плата, а ќе се зголемат и пензиите

Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ
Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ / Утрински брифинг

Законот за минимална плата опозицијата и позицијата ги втурна во трка кој повеќе се грижи за работниците. Како и да е, 78.000 работници ќе го искористат бенефитот од зголемената минимална плата која сега изнесува 18.000 денари. За ова се согласија и позицијата и опозицијата, но опозицијата бара со амандман зголемување на платата и во јавниот сектор.

-Јас гледам кој што прави, а не што зборува. Дел од опозицијата долго време го држеа ставот дека ќе колабира македонската економија ако се зголеми минималната плата. Денес минималната плата е со 100 отсто покачување споредено со времето на ВМРО-ДПМНЕ. Со растот на минималната плата ќе расте потрошувачката и со тоа и економијата, вели за Утрински брифинг Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ.

Тој додава дека платите треба да се зголемуваат во сите сектори, како што треба да се зголемуваат и пензиите. Порасната е и просечната плата од 23.000 на 31.000 денери. Кога станува збор за платите на наставниците, ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш кога беа на власт не ги покачија платите на 4700 професори и наставници.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот